Без вода за пиење утре од 9 часот може да останат жителите од високата зона од населбите: Козле, Жданец, Трнодол и Нерези во општина Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известувањето добиено од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Причина за можниот прекин на водоснабдувањето, кој ќе трае до отстранување на дефектот, е замена на клапна Ф-100 во резервоар Жданец.