СЕ: Постојат сериозни проблеми со човековите права во Србија

Од:

Во Србија постојат голем број сериозни проблеми во врска со човековите права, особено кога станува збор за прашања за транзициска правда, сузбивање на дискриминација и слобода на медиуми, се наведува во денеска објавениот извештај на Комесарот на Советот на Европа Нилс Мужниакс.

Извештајот е изработен по посетата на делегацијата на СЕ предводена од Муижниакс во март годинава на Србија и разговорите со голем број државни и правосудни функционери во земјата, како и со претставници на невладини организации и медиуми.

Во однос на транзициска правда Србија продолжува да игра позитивна улога во развојот на регионалната соработка во процесирање на воени злосторства од 90-тите години.

– Сепак, загрижува постојаното несанкционирање на некои сериозни кршења на меѓународното хуманитарно право, што негативно влијае на тековните напори да се дојде до правда и траен мир во регионот, наведува Муижниакс.

Во извештајот се заклучува дека српскиот Суд за воени злосторства досега завршил релативно мал број случаи во однос на бројот на злосторства од 90-те години и дека од 149 досега обвинети, само шест лица за време на војната имале високи позиции во армијата.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он