А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Почна интерната истрага за аферата „Прислушување“ во „Македонски телеком“

by А1он07/07/2015 - 18:47161
Share0

Внатрешната истрага во „Македонски телеком“, која нејзината фирма-мајка „Маѓар телеком“ ја најави пред неколку месеци, во врска со наводите за вмешаност на комуникацискиот оператор во аферата „Прислушување“, е почната и се спроведува со поддршка на надворешни експерти, велат за „Мета“ од „Маѓар телеком“.

Добивај вести на вибер

Во дописот, како одговор на прашањето дали е спроведена истрагата, од унгарската фирма, која е мнозински акционер во „Македонски телеком“, сепак не прецизираат кога надворешените експерти почнале со работа, до кога ќе трае истрагата и дали наодите од извештајот ќе ѝ бидат презентирани на јавноста.

– „Маѓар телеком“ ја почна внатрешната истрага со поддршка од надворешни експерти. Во согласност со нашата политика на усогласување, не сме во позиција да даваме повеќе коментари во врска со истрагата, стои во дописот од директоратот за корпоративни комуникации на „Маѓар телеком“.

Дека унгарскиот комуникациски оператор ќе спроведува истрага во македонската фирма-ќерка, беше најавено кон средината на март, откако опозицијата почна со објавувањето на прислушуваните материјали, односно т.н. „бомби“.

Првичната информација дека се планира истрага беше соопштена од „Дојче телеком“, фирма која е мнозински сопственик во унгарскиот оператор.

telekom

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он18/09/2023 - 09:0218/09/2023 - 10:32

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски17/08/2023 - 13:0817/08/2023 - 13:45

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он17/08/2023 - 11:0717/08/2023 - 11:45

Адвокат близок до Заев, ќе добива по 2.500 евра во одборот на Телеком

A1on21/07/2023 - 16:24

ДЗС: Техничките пречки во пописот не се должеа на интернет конекцијата

А1он06/09/2021 - 17:13

Нина Ангеловска и Садула Дураку ќе седнат во бордот на Телеком, Стојанче Ангелов в.д. директор на Центарот за управување со кризи

Жарко Настоски03/11/2020 - 20:3703/11/2020 - 23:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен