Корисниците од улиците „Благоја Давков“, „Славка Недиќ“ и „Дане Крапчев“ во општина Центар утре од 9 часот ќе немаат вода поради изведување водоводен приклучок од ф-80 мм на ул.„Благоја Давков“ бр.2.
Тие ќе останат без вода се до завршување на интервенцијата, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и канализација – Скопје.