Ал Шабаб презема одговорност за нападот во Кенија

Од:

Сомалиската исламистичка група Аш Шабаб презема одговорност за денешниот напад во соседна Кенија, соопшти нејзин портпарол.

Екстремистите соопштија дека убиле 10 христијани.

Нападот е дел од нашата операција против Кенија, изјави портпаролот на Аш Шабаб за воени операции шеик Абдиасис Абу Мусаб.

Најмалку 15 лица се убиени, а 11 повредени во напад во североисточниот дел на Кенија во текот на ноќта, соопштија претходно кениските власти. Нападот бил извршен малку по 2 часот ноќеска во комплекс, каде живеат работници во каменолом.

Нападот е извршен во близина на градот Мандера, крај границата со Сомалија.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“