Група бразилски евангелисти иницираа социјална мрежа на која е забранета употреба на пцовки и какви било еротски содржини.
Мрежата е наречена „Фејсглорија“ и како што објави Би-Би-Си, за само еден месец од објавувањето, веќе има околу 100.000 членови.
На „Фејсглорија“ е забаранета употребата на 600 зборови, кои според основачите, претставуваат грев, а постои и опција „амин“, што е адекватна на опцијата „лајк“ на „Фејсбук“’.
Оваа социјална мрежа засега има верзија само на португалски јазик, но нејизните основачи највуваат дека наскоро таа ќе се појави и на други јазици, а ќе има и верзија за мобилни телефони.
– На „Фејсбук“ може да најдете многу насилство и порнографија. Затоа сакавме да направиме мрежа на која може да се разговара за Господ и за љубовта и да се шират божјите зборови, изјави веб дизајнерот Атила Барош, кој е еден од основачите на „Фејсглорија“
Барош вели дека нивна идеја била да создадат глобална мрежа што ќе биде конкуренција на „Фејсбук“ и „Твитер“, па затоа веќе закупиле домејни на англиски и на сите достапни јазици.