Хан: Грција да се задржи во Еврогрупата

Од:

Европскиот комесар за соседска политика и проширување Јоханес Хан денеска изјави дека Грција треба да се задржи во Еврогрупата и уверен е дека се ќе се стори за така и да биде, јави Танјуг.

Во дневникот на австриската државна телевизија ОРФ, Хан подвлече дека „европските пријатели ќе сторат се за Грција да ја задржат во Еврогрупата“.

Истовремено, тој порача дека сега е битен квалитетот на предлогот што грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе им го предаде на партнерите во преговорите.

Хан кажа дека преговорите меѓу Грција и другите 18 партнери од еврозоната стануваат покомплицирани, бидејќи „последните денови искршен е многу порцелан“, односно потсети дека за некои договори во одредени земји од Унијата мора да се добие поддршка во Парламентот.

Хан изрази надеж дека разумот ќе победи.

Понатаму тој оцени дека за Грција е важно да се создаде поволна клима за инвестиции, укажувајќи дека во моментов судските спорови таму трат предолго, како и реализацијата на проектите, а на инвеститорите им се потребни одржливост и доверба.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит