Нигериската војска ослободила денеска 180 затвореници, меѓу кои и жени со бебиња и мали деца, соопштувајќи дека тие повеќе не осомничени за поврзаност со екстремистичката групација Боко харам.
Затворениците се ослободени по истрагата, која покажала дека не се виновни за обвиненијата и тие се превезени во Мајдугури во државата Борно, каде ќе им се придружат на своите семејства.
Некои од ослободените жени изјавиле дека се вдовици, а некои се уапсени бидејќи нивните браќа наводно се членови на Боко харам.
Владата на претседателот Мухамед Бухари соопшти дека го преиспитува извештајот на меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“, во кој минатиот месец нигериската војска беше обвинета за смрт на осум илјади заробеници, од кои некои се убиени, а некои починале од глад или задушување.