Лидерот на Еврогрупата Јероен Дејселблум оцени денеска дека грчкото „не“ на референдумот за предлогот на кредиторите Европа ја приближува до решение за должничкиот проблем.
– Резултатите од референдумот не приближуваат до решение, изјави Дејселблум, кој истовремено е и холандски министер за финансии.
– Всушност отфрлувањето на предлогот на кредиторите ги отежнува работите, изјави тој и додаде дека утре ќе им се придружи на министрите за финансии од Еврогрупата.
Тој додаде дека министрите чекор по чекор ќе согледаат дали може да се спаси процесот.