Марк Гасол нема да биде во составот на шпанската кошаркарска репрезентација не претстојното Европско првенство, објави „Марка“.
Шпанскиот весник пишува дека помладиот од браќата Гасол одлучил ова лето да се одмори и да ги прескокне репрезентативните обврски.
Се очекува Гасол својата одлука да ја соопшти утре на прес-конференција.
Отсуството на Гасол во рекетот под обрачите ќе треба да го надополнат брат му Пау, Никола Миротиќ, Фелипе Рејес и Виктор Клавер.