На еден рид во близина на норвешкиот главен град Осло е наоѓа дрвената куќа „Линебо“, која се карактеризира со прозорци со различни големини.
Дело на архитект Схјелдеруп Трондал, оваа трикатна куќа е дизајнирана на начин кој обезбедува различни искуства во нејзиниот ентериер.
Куќата е изградена од темно дрво, а нејзината фасада е премечкана со масло и потоа јагленисана, со цел да им се даде акцент на природните чворови.
Прозорците со жолти рамки со различни димезии и даваат поинаков изглед на секоја страна од куќата, а во исто време на станарите им овозможуваат непречен поглед кон Осло или кон блиската шума.
На првиот кат на куќата се просториите за дневен престој, како и гостинската соба, додека на двата горни ката се спалните соби, кои се декорирани во различен стил.
Подот и таванот во секоја просторија се прекриени со иверка, а стратшки поставените прозорци овозможуваат влез на големо количество природна светлина.