Опожарен имотот на католик-жител на косовски Лапушник

Од:

Во пожар, што избувнал околу четири часот утрово, уништен е имотот на Ѓон Сопи, жител на косовското село Лапушник, во блзина на Глоговац во централно Косово, припадник на католиката верска заедница, јави дописникот на МИА.

Како што наведуваaт косовските медиуми, причините за пожарот се уште не се познати, но според изјавите на жителите тие се сомневаат дека станува збор за подметнат пожар од верски побуди.

Во последно време во Лапушник присутни се проблеми меѓу жителите од католичка и муслиманска веросиповед, откако локалните власти на општина Глоговац на локланите католици им доделија локација за гробишта и изградба на црква.

– Полициски единици и противпожарни возила веднаш по дојавата пристигнаа во селото. Пожарот во кој освен погоемиот дел од куќата, изгореле и трактор и храна за добиток, е локлаизиран. Се уште немаме официјални податоци за причината за пожарот. Увидот се уште трае, бидејќи делови од куќата се уште тлеат, изјави за „Зери“ полицискиот портпарол Флора Ахмети.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Косовските Срби почнаа да се враќаат во државните институции

Во Косово уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница за издржување казна затвор од шест години

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Кастрати: Целосен дебакл на Курти