Илинден им помага на невработените

Од:

Општината Илинден интензивно работи на изнаоѓање начини да им се помогне на неработените лица да ги зголемат можностите за вработување. За таа цел градоначалникот Жика Стојановски, стои во соопштението,  оствари средби со невработени граѓани од Општината.

На присутните што побараа помош за вработување им беше поделен список со контакти од 110 стопански субјекти каде што ќе можат да се обратат за вработување според стручната подготвеност која што ја поседуваат.

Списокот е изготвен со цел даим се помогне на квалификуваните невработени лица во аплицирањето и  изнаоѓањето можности за вработување, како и балансирање на потребите од човечки ресурси на
стопанските субјекти.

Со цел да им се помогне на невработените досега беа организирани и неколку обуки на невработени. Невработените беа обучувани од претставниците на „Џонсон Мети“, а вакви обуки се планираат и во иднина, а ќе ги вршат претставници на други поголеми стопански субјекти од Општината.

Би можело да ве интересира

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Предраг Петровиќ

Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија

Мицкоски: Прогласувам мораториум на разговори на теми кои делат и ги злоупотребуваат етничките прашања, ги повикувам сите лидери да зборуваме за она што решава проблеми, економијата, образование, иновации

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август