ВИДЕО: Нови згради во Струмица

Од:

Општина Струмица во изминатите десет месеци успешно менаџира со државното градежно земјиште, а деновиве распиша тендер за локации за изградба на колективни згради во кругот на касарната.

Почетната цена на лицитацијата е 2.030 денари од метар квадратен.

Се работи за атрактивни локации кои се наоѓаат на 350 метри  од  плоштадот и на 200 метри од градскиот парк, а во зависност од идеите на инвеститорите може да се изградат од шест до 10 колективни згради.

Градоначалникот Зоран Заев упати јавен повик  до сите заинтересирани инвеститори, а посебно до опозицијата во Струмица, ВМРО ДПМНЕ, да се јават на лицитацијата за да можат да купат маркици за парцели каде ќе можат да градат колективни згради.

Би можело да ве интересира

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја