Притвор за скопјанец осомничен за фалсификување исправа

Од:

СВР Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето В.Л. (55) од Скопје осомничен дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

МВР денеска соопшти дека од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.

Пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист од продажба на недвижен имот, набавил лажна службена исправа-пресуда од Основен суд Скопје 2 Скопје донесена на 22.09.2014 година, а правосилна на 25.09.2014 година. Потоа  потврдата ја употребил во Агенција за катастар на недвижности, приложувајќи ја кон Пријава за отстранување на техничка грешка во катастар на недвижности. Врз основа на таа лажна пресуда службени лица во Агенција за катастар на недвижности извршиле запишување на промена во катастарот на недвижности во КО Нерези, кое се состои од недвижен имот-земјиште на две катастарски парцели едната со површина од 2509 м2 и втората со површина од 2208 м2, од сопственост на Република Македонија во приватна сопственост на пријавениот В.Л.

После ова пријавениот, со намера да го прикрие вистинскиот носител на сопственоста, на ден 15.01.2015 година преку адвокат-полномошник склучил Преддоговор за купопродажба на недвижен имот (гореспоменатото земјиште) за износ од 50.000 евра или во денарска противредност од 3.075.000.00 денари, каде како продавач е пријавениот, а како купувач е лицето О.Д. кој пак согласно преддоговорот на 15.01.2015 година уплатил на трансакционата сметка на сопругата на пријавениот капар односно аванс-паричен износ од 460.000 денари, а потоа уште во два наврати на 11.03. и 21.04 годинава на истата трансакциска сметка од страна на купувачот биле префрлени 462.000 денари и 861.000 денари.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он