Кривична пријава за двајца полициски службеници за злоупотреба на службена положба

Од:

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Т.Џ (41)-полициски службеник во Надворешната канцеларија за кривични работи „Југ“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 став 1 и Д.Н. (37) полициски службеник во Надворешната канцеларија за кривични работи Гевгелија поради постоење основи на сомнени за сторено  кривично дело „помагање“ по член 24 а во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, врз основа на претходно сознание за можна инволвираност на полициски службеници од Регионалниот центар за граничен реон  „Југ“ и канцеларијата во Гевгелија во  инкриминирани активности околу издавање потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, презема активности за докажување и документирање на настанот.

Од извршените проверки од страна на СВКПС, констатирано е дека на 1 јули 2015 година, по претходен договор со првопријавениот, второпријавениот обезбедил документи издадени од Република Грција на сиријски државјани кои влегле во Република Македонија и од нив побарал да платат по 15 евра по лице за да им посредува за издавање потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

По ова, второпријавениот документите издадени од Грција ги дал на првопријавениот со цел тој да изготви потврди за лицата наведени во документите. Откако ќе ги изготвел потврдите, требало да ги предаде на второпријавениот кој за возврат од сириските државјани  ќе добиел по 15 евра од лице.

По преземени мерки од полициски службеници, пријавените биле спречени во натамошните активности и од првопријавениот, одземени се петнаесетте документи издадени од грчките власти за што е известен и консултиран Јавниот обвинител и врз основа на издадена наредба полициските службеници се задржани  во Полициската станица во Гевгелија.

По доставената кривична пријава до Основното јавни обвинителство Гевгелија од страна на судија во претходна постапка на полициските службеници им е изготвено Решение со кое им е одредена мерка домашен притвор во  времетраење од  осум дена.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари