Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека лошата политика може да ја зголеми масовноста на миграцијата и оти поради тоа тој одлучил да воведе цврста политика за заштита на границите.
– Штитејќи ја Унгарија, ние ја штитиме Европската унија, изјави тој во интертвју за државното радио.
Говорејќи за Грција, Орбан истакна дека во иста позиција би била и Унгарија доколку во 2010 година не била единствена и доколку неговата Влада не обезбедела двотретинско мнозинство.
Премиерот на Унгарија изјави дека има големи симпатии кон Грците и дека навива за нив.