Ферибот што превезувал 173 патници потона крај Филипини. Според властите досега се пронајдени тела на 33 жртви.
Фериботот превезувал на линија меѓу градот Ормок и островот Камотес. Спасувачки тимови успеале да им помогнат на десетици патници.
Фериботот бил на 200 метри од пристаништето во Ормок кога потонал при лошо време, јави ДПА. Крајната дестинација – островот Камотес била на еден час пат од Ормок. Ормок се наоѓа на 560 км. југоисточно од Манила.