Во заедничката антитерористичка операција на италијанската и албанската полиција реализирана во текот на денов уапсени се петмина Албанци, четворица Италијанци и еден Канаѓанец, членови на тероритичка ќелија во Италија.
Акцијата била спроведена во италијанските градови Милано, Бергамо и Гросето,како и во албанскиот град Лушња.
– Акцијата насловена „Мартеса“ (брак) имала за цел разбивање на екстремистичка група која регуртирала борци за ИД а следувала по една подолга истрага, која започнала во месец октомври лани. Уапсените Италијанци се припадници на едно семејство кои, пред неколку години го примиле исламот, како и едно албанско семејство кое живеело во Гросето. Двете семејства се поврзале по бракот на членови од двете смејства а организирале испраќање лица за џихад во Сирија, каде веќе се наоѓаат Италијанката која примила ислам, несјизниот сопруг Албанец и неговата мајка, наведува весникот Шекули.
Во рамките на акцијата во градот Љушња албанската полиција го уапсила лицето Баки Чоку(40), кој бил баран со меѓународна потерниц издена од Интерпол Рим, поради тероризам.Тој живеел во Италија но поради тоа што го барала полицијата побегнал и се скрил во Албанија.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Алфонсо изјавил дека акцијата го потврдила професионализмот на полицијата во разбивањето на терористичките ќелии. Тој денешниот ден го оценил како многу значаен во борбата против тероризмот.