САД и Куба ги отвораат амбасадите на 20 јули

Од:

Највисокиот дипломат на САД во Хавана, шефот на американското одделение за интерес Џефри де Лаурентис, му предаде на кубанскиот министер за надворешни работи Марселино Медина писмо од претседателот Барак Обама до кубанскиот колега Раул Кастро, во врска со обновата на дипломатските односи меѓу двете земји.

Според кубанското МНР, во писмото се вели дека Куба и САД, кои ги прекинаа дипломатските врски пред 54 години, ќе ја отворат амбасадата на 20 јули.

Писмото беше врачено во кубанското МНР, по што Де Лаурентис и Медина се ракуваа пред знамињата на Куба и САД.

Се очекува подоцна денеска американскиот претседател Барак Обама да даде изјава во Белата куќа за дипломатските односи со Хавана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД