Чешка го презеде Претседателството на Вишеградската четворка

Од:

Чешка од денеска една година ќе претседава со Вишеградската група (В4), во која се и Словачка, Полска и Унгарија, јави дописникот на МИА од Прага.

Според премиерот Бохуслав Соботка и министерот за надворешни работи Лубомир Заоралек за тој период главен приоритет ќе биде зајакнување на заедништвото меѓу овие држави, за што говори и логото кое е избрано за годинава со наслов „В4 Доверба“.

– Вишеград го зголемува за неколку пати гласот на Чешка и Вишеград го зајакнува влијанието на Чешка, рече Соботка оценувајќи ја соработката на земјите на В4.

Според него, ако членките ги интегрираат своите ставови, тие подоцна во ЕУ се слушаат поинтензивно.

– Ние не се согласуваме дека постои каква било ерозија во Вишеградската група, рече Заоралек во врска со некои тврдења дека некои од земјите на В4 се разидуваат заради некои различни ставови. Тој повтори дека токму довербата е основа за излез од кризата, низ која Европа поминува, во врска со мигрантите, конфликтот во Украина и финансиската криза во Грција.

Како приоритети беа истакнати соработка во енергетската област, безбедноста и одбраната како и борбата против даночниот криминал. Според Заоралек потребно е да се зголеми и интересот за партнерство со источните земји, земјите на Западниот Балкан каде В4 има голем интерес за стабилизација на тој регион.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница