Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори денес се повлече од Грен слемот Вимблдон поради повреда на листот на левата нога.
Нишикори требаше да игра меч против Колумбиецот Сантијаго Хиралдо за влез меѓу 32-та.
25-годишниот Јапонец минатиот месец во Хале, исто така, поради повреда, мораше да предаде дуел во полуфиналето.
Во понеделникот во 1.коло Нишикори во пет сета го победи италијанскиот Симоне Болели, кога тој почувствува проблем со мускулот на лавата нога.
– Повредата се влоши во петтиот сет, болеше многу силно, рече Нишикори и додаде дека се уште има болка кога оди па затоа одлучи да не игра.