Во швајцарскиот град Луцерн се наоѓа хотелот „Шато Гуч“ изграден на местото на вила од 18-от век и ловечка куќа од 1844 година.
Замокот, чиј стил е инспиран од дворецот на баварскиот крал Лудвиг Втори, е со површина од 4.645 метри квадратни и од него се пружа прекрасен поглед кон Луцернското Езеро и околните планински масиви.
„Шато Гуч“ е дело на архитектот Мартин Лоренс Булард, кој при неговото проектирање бил инспириран од густавскиот стил, кој бил многу популарн во Швајцарија кон крајот на 19-от век.
Хотелот има 27 соби и апартмани во кои доминираат сината, светло зелената и сончево жолтата боја, што целата градба ја прави свежа, безвременска и модерна.
Сегашни сопственици на замокот се рускиот магнат Александар Лебедав и неговиот син Евгениј, кои сакаат да му го вратат стариот сјај, при што водат сметка за почитување на швајцарската историја и импозантната архитектура.