Македонија станува дел од заедничката транзитна постапка на ЕУ

Од:

Царинската управа денеска го одбележува пристапувањето кон конвенциите за заедничка транзитна постапка и за поедноставување на формалностите при трговија со стока.

Со денешното пристапување кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока, Република Македонија станува дел од заедничката транзитна постапка на ЕУ, соопшти Управата.

Царинската транзитна постапка претставува една од основите на европската интеграција и е од витален интерес за европските бизниси. Со пристапувањето кон зедничката транзитна постапка на ЕУ, како што се посочува, се овозможува транзитирање на стоки во помеѓу кои било две места во кои било земји кои се дел од заедничката транзитна постапка со користење на една единствена транзитна декларација во електронска форма и единствена гаранција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он