Најмалку 20 цивили загинаа, а 41 се повредени во денешниот напад врз станбен дел во јеменскиот град Аден од страна на шиитските бунтовници, соопштија медицински извори.
Петнаесет ракети од типот „Катјуша“ биле истрелани рано изутринава во овој кварт од градот, каде прво била нападната една фреквентна улица.
Аден е центар на жестоки борби меѓу шиитските бунтовници и провладините сили.