Бактеријата Akkermansia muciniphil која живеат во цревата може да ја олесни контролата на телесната тежина, утврдија француски научници.
Станува збор за бактерија која претставува 3-5 отсто од сите бактерии во цревата, а поврзана е со исхраната богата со растителни влакна.
Освен тоа, поврзана е со ниската концентрација на шеќери и масти во крвта и мала присутност на инсулин.
Тоа за последица има намалување на ризикот за претилост, дијабетес и болести на срцето, објаснуваат истражувачите од париската болница Питие-Салпетиер.
Нивните наоди сугерираат дека Akkermansia muciniphila би можела да стане дел од новите терапи за болести на метаболизмот.
Во истражувањето користени се податоци собрани од 49 испитаници со вишок на килограми.
Се проценува дека во човечкиот гастронтестинален тракт живеат до 1.000 видови бактерии, јави Фена.