На Кинескиот пензиски фонд дадено му е одобрување да инвестира на берзата, објави Министерството за социјална безбедност и Министерството за финансии на Кина.
Фондот на тој начин ќе задржи вредност на своите средства и ќе биде подготвен да одговори на главниот предизвик – старење на кинеската популација.
На Фондот му е одобрено да инвестира максимално 30 отсто од вредноста на капиталот. Средствата на Фондот во крајот на 2014 година изнесувале околу 500 милијарди долари.