Кризата во Грција не треба да биде премногу експонирана во САД, бидејќи нема да доведе до „голем удар на системот“, изјави Барак Обама на заедничката прес-конференција со бразилската претседателка Дилма Русеф.
Обама, меѓутоа, додаде дека проблемите на Грција ќе имаат големо влијание врз економскиот раст во Европа и оти ситуацијата е многу болна за грчкиот народ.
Тој изрази уверување дека може да биде постигнат целосен договор со Иран за неговата нуклеарна програма.
– Од друга страна, меѓу „САД и Иран има големи разлики, кои не е можно да бидат надминати за една ноќ“, рече Обама.
Претседателот на САД додаде дека ако не може да се склучи добар договор, ќе ја напушти масата на преговори.