Големо изненадување се случи денеска на терените на Вимблдон, третата носителка романката Симона Халеп беше елимиирана од Јана Цеполова од Словачка која се наоѓа на 108-то место на ВТА листата. Словачката со 2:1 во сетови (5:7, 6:4 и 6:3) ја оствари највредната победа во досегашната кариера.
Изненадување е и елиминацијата на Еугени Бушар, која загуби со 2-0 во сетови од кинеската тенисерка Дуан Јинг – Јинг која на турнирот влезе преку квалификациите.
Во машка конкуренција, Енди Мареј со 3-0 во сетови (6-4, 7-6 и 6-4) го совлада тенисерот од Казакстан, Михаил Кукушкин, а Жил Симон во три сета беше подобар од Николас Алмагро.