Радоњиќ уште две години на кормилото на КК Црвена ѕвезда

Од:

Тренерот на кошаркарите на Црвена ѕвезда, Дејан Радоњиќ, ќе остане во клубот уште две години, откако во вторникот го продолжи договорот.

Радоњиќ изминатата сезона ја предводеше Црвена ѕвезда до историски успех, успеа да освои три титули (АБА лига, првенство и Куп на Србија) и играше во Топ 16 фазата во Евролигата.

‘Црвено-белите’ минатата сезона соборија неколку рекорди, а од 80 натпревари колку што одигра Црвена ѕвезда под водство на Радоњиќ, забележа 61 победа.

Од доаѓањето во ‘црвено белиот’ табор пред две ипол години, црногорскиот стратег има забележано 123 победи, кои го сместија на четвртото место на вечната клупска листа на тренери со најмногу победи.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос