Киднапирани седум морнари од брод на француска нафтена компанија

Од:

Вооружени луѓе нападнаа брод на француската нафтена и гасна компанија Бурбон СА, недалеку од брегот на Нигерија, и киднапираа шест руски и еден естонски морнар.

 Нападот според соопштението на компанијата се случил недалеку од делтата на Нигер, каде што Бурбон СА соработува со другите нафтени компании. Напаѓачите после нападот побегнале со киднапираните морнари, додека останатите девет безбедно допловиле до пристаништето Он.

И покрај милијардите долари кои се влеваат во касата на нигериската влада, многумина што живеат на овој простор се сиромашни и егзиситраат во услови на загадена вода, без пристап до медицинска нега, образование или работа.

Лошите услови за живот поттикнаа и немири во 2006 година во кои екстремистите и противниците на владата креваа во воздух нафтоводи и киднапираа странски работници.

 

Би можело да ве интересира

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Инцидент во Црна Гора: Киднапирано е малолетно дете

Голема потрага во Грција: Мајка си ги киднапирала двете деца

Горан Наумовски

Српски државјанин осомничен за киднапирање на невенчана сопруга е уапсен во Будва