Инцидент во Црна Гора: Киднапирано е малолетно дете

Од:

Во Црна Гора е киднапирано малолетно дете. Американската државјанка Трејси Шенон Лин, која веќе четврта година е постојан жител на Бар, денеска пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка Зинли Рајан била киднапирана од нејзиниот татко Томас Холенбек.

Според Шенон, Томас Холенбек е нејзиниот поранешен вонбрален сопруг.

Таа наведува дека Томас илегално ја преминал црногорско-албанската граница со нивната шестгодишна ќерка. Преку американската амбасада во Подгорица била известена дека тој побарал пасош за детето во американската амбасада во Тирана. За киднапирањето на детето бил информиран Интерпол.

Шенон за порталот Приморски изјави дека утринава од американската амбасада во Подгорица била информирана дека Томас Холенбек во американската амбасада во Тирана побарал да и се направи пасош на Зинлеа Рајан.

„Судската постапка во Црна Гора во врска со старателството на малолетничката Зинле Рајан е во тек. Судот се уште нема донесено правосилна пресуда. Лани, во септември, судот му дозволи на Томас да се гледа со нашата ќерка двапати неделно, во вторник и петок од 16 до 21 часот почна да го користи тоа право дури во јуни годинава, но изјави дека тоа е поради метежот до синоќа, кога не го донесе детето. Телефонот беше исклучен во текот на ноќта, отидов во Центарот за безбедност и пријавив дека детето не е вратено, се загрижив дека не ја киднапирал“, изјави Шенон Лин.

Според неа, американската амбасада во Тирана им потврдила на колегите во Подгорица дека го виделе детето и дека физички изгледа добро.

Според Шенон, американската амбасада во Подгорица му препорачала сè да пријави во полиција и Интерпол.

Интерпол треба да и наложи на американската амбасада во Тирана да побара екстрадиција на шестгодишното дете на неговата мајка во Црна Гора.

Шенон во својата изјава за полицијата, до која имал пристап порталот Приморски, навела дека Томас Холенбек е осуден за неколку кривични дела. Шенон пред четири години се преселила од Америка со своите деца во Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора, епицентарот е меѓу Никшиќ и Даниловград

Горан Наумовски

Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Предраг Петровиќ

Во Беране се запали автобус со 80 деца, три се болнички згрижени

Горан Наумовски