Во Венецуела од почетокот на годината убиени 120 полицајци

Од:

Сто и дваесет полицајци се убиени од почеток на годината во Венецуела, која е една од државите со најмногу насилство на светот, објави здружението коешто го евидентира насилството.

Венецуела е преполна со оружје и е втора во светот, по Хондурас, според бројот на убиствата, покажуваат податоците на Обединетите нации. Последните години се множат случаите на напади врз полицајците, на коишто криминалците им ги одземаат оружјето, возилата и мобилните телефони.

Фондацијата Фундепро, група којашто се занимава со евидентирање на насилството, објави во петокот дека во првата половината од 2015 година забележала 120 убиства на полицајци. Во целата мината 2014 година, пак, биле убиени 268 венецуелски полицајци. Освен во текот на грабежи, полицајците гинат и поради одмазда или во потерите по осомничените, се додава во извештајот.

Директорката на Фундепро, Жакелин Сандовал, изјави дека владите на претседателот Николас Мадуро и на неговиот претходник починатиот Уго Чавез, се одговорни за тоа што злосторствата во Венецуела излегле од контрола и за подемот на беззаконието.

„Министерството за внатрешни работи донесе 23 безбедносни планови, а ниеден не функционира. Додека не биде реформиран правосудниот систем, ќе владее беззаконието, а тоа придонесува за бранот злосторства во земјата“, вели во извештајот Сандовал.

Покрај што често ги убиваат полицајците, криминалците убиле досега годинава и 35 воени офицери и 11 телохранители, објави уште Фундепро.

Социјалистичката влада на Мадуро засега нема објавено официјални податоци за убиствата на полицајците, но борбата против ваквите злосторства го прогласи за приоритет на почетокот од својот претседателски мандат во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски