Кина со повик до Грција да остане во еврозоната

Од:

Кина сака Грција да остане во еврозоната и смета дека Атина и нејзините кредитори треба брзо да постигнат договор за решавање на проблемот со грчката должничка криза, изјави кинескиот премиер Ли Кечијанг.

– Кина сака Грција да остане во еврозоната поради што ги повикуваме кредиторите што побрзо да постигнат договор со грчката влада, изјави кинескиот премиер на самитот на Еу и Кина во Брисел.

Кечијанг со членови на државна делегација е во посета на ЕУ, по повод 40-годишнина од воспоставувањето официјални односи меѓу Брисел и Пекинг. Кина е втор најголем трговски партнер на Европската унија, а лидерите на 28 држави членки на Унијата го користат самитот во Брисел да повикаат на интензивирање на трговијата и инвестициите.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок