Сензационалниот турски шампион Дарушафака вчера беше награден со вајлд-карта од Евролигата за сезоната 2015/16 и за првпат во својата историја ќе игра во престижното континентално натпреварување.
Останатите три вајлд-карти од страна на челниците на Евролигата им беа доделени на: Германскиот вицешампион Баерн Минхен, рускиот тим на Локомотив Кубан и францускиот Стразбур.
Сезонава најдобар тим во ова натпреварување беше шпанскиот Реал Мадрид кој во финалето го победи грчкиот Олимпијакос.