Македонската тенисерка Лина Ѓорческа втора недела по ред го бележи својот најдобар ранг во кариерата во двете конкуренции.
Во поединечна таа направи скок од 13 места и со 106 поени (претходно имаше 96) се наоѓа на 354 место на ВТА листата.
Во конкуренција на двојки таа е на 277 место со напредок од едно место и пет поени повеќе во однос на претходната недела – 208 поени.
Овој напредок на двете листи се должи на двојната победа на фјучрсот во Тарсус, Турција.
Од македонските тенисерки Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.228 место во поединечна конкуренција, а во двојки е рангирана на 962 место.
Инаку, денеска на терените на Вимблдон почнува третиот Грен слем турнир во годината, а на врвот на ВТА листата се наоѓаат: Серена Вилијамс, Петра Квитова, Симона Халеп, Марија Шарапова и Каролине Возниачки. Следната промена на ВТА лисата ќе биде по завршувањето на Вимблдон на 13 јули.