Шпанскиот тенисер Давид Ферер го откажа настапот на Грен слемот Вимблдон, што утре почнува во Лондон.
Шпанецот нема да учествува на третиот годинашен Грен слем поради повреда на раката.
На местото на осмиот носител ќе игра италијанскиот тенисер Лука Вани кој беше така наречен „среќен губитник“ од квалификациите.
Противник на Вани во 1. коло ќе му биде Џејмс Ворд (Велика Британија).