Од денеска функционира бродската линија Охрид-Поградец

Од:

Лани воспоставената бродска линија Охрид-Поградец ќе функционира и годинава, како што беше зацртано од самиот почеток и без измени, вели Горан Устијаноски од Капетанијата на пристаништа на Република Макдонија во Охрид.

Интересот кај бродарите за оваа бродска линија се зголемува. Сите кои се заинтересирани за оваа пловидба треба да се обратат и да побараат одобрение од Министерството за транспорт и врски.

Решението за определување привремен граничен премин кое го потпишуваат МВР и Царинската управа е веќе издадено, со важност од 5-ти јуни до 15-ти октомври 2015 година.

– Преминот повторно ќе биде кај Свети Наум. Процедурите ќе бидат исти како и претходната година, а бродарите веќе започнаа да си закажуваат свои тури од кои првата е денеска. Од албанска страна нема никаква пречка. Информирани се колегите и таму документите биле без рок на важење, така што годинава немаше потреба да ги обновуваат.Ќе функционираме по стариот редослед – изјавил за Горан Устијаноски.

Устијаноски појаснува дека во Охрид е отворена уште една дестинација интересна за самите бродари. Поградец не е некоја развиена туристичка дестинација, но за бродарите е интересна, особено за оние кои на пазарот гледаат на нови можности и иновации.

Минатата година беа реализирани 15 бродски тури до Поградец што е еден солиден број, со оглед на тоа што токму лани започна да се реализира оваа линија. Најчесто се превезуваа странските гости, но имаше и домашни кои сакаа да видат како функционира сето тоа.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски