Навивачите типуваат на Федерер, за Бекер фаворити за трофејот на Вимблдон се Ѓоковиќ и Мареј

Од:

На официјалниот Твитер профил на Грен слемот Вимблдон, најголеми шанси за победа навивачите му даваат на Роџер Федерер, додека тренерот на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, смета дека српскиот тенисер заедно со Енди Мареј се главни конкуренти за трофејот.

– Мислам дека Мареј е фаворит исто како и Новак. Се разбира, Ѓоковиќ за мене е прв фаворит, но Енди е тука некаде. Во моите очи тој е подобар сега отколку што беше пред операција на грбот. Сега е поенергичен, изјави Бекер.

Германецот се осврна и на мечевите што Ѓоковиќ ги имаше со Мареј оваа сезона.
– Многу не намачи во Париз, Мајами, како и во Мелбурн, на почетокот на годината. Оваа сезона се покажа како втор најдобар играч во светот. Сепак, јас не би ја го исклучил ниту Федерер од борбата за титулата во Лондон. Поради одличните игри на трева, тој е тенисер против кого ниту еден играч не сака да игра на тревната подлога, вели Бекер.

Натпреварите на „Вимблдон 2015“ почнуваат в понеделник.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров