Чешка ја интензивира заштитата на амбасадите и аеродромите како одговор на терористичките напади

Од:

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка информираше дека Чешка како одговор на терористичките напади во петокот воведе стандардни мерки на безбедност, јави дописникот на МИА од Прага.

Според министерот за внатрешни работи, Милан Хованец мерките се однесуваат на амбасадите, аеродромите и чешките подружници на американската фабрика за гас ,,Ер продактс” која беше нападната во Франција. Хованец додаде дека нема информации дека на Чешка и се заканува напад.

Мерките се преземаат превентивно поради терористичките напади во петокот во Тунис, Франција и Кувајт во кои загинаа десетици луѓе, а ќе важат до недела.

– Чешка ги прифати стандардните безбедностни мерки кои се воведуваат во моментот кога во било која европска земја доаѓа до напад од сличен тип и јас се надевам дека набрзо со министерот за внатрешни ќе разговараме за нивно прекинување, изјави Соботка.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница