Како да се уреди стан со големина на просечна спална соба, а да биде практичен за живот? Одговорот го дава дизајнерското студио од Берлин „Спамрум“.
На средината од станот вградена е кујната, а останатиот простор визуелно е проширен со бела боја.
Речиси невидливите бели скали водат до местото за спиење.
Гардероберот во дното на скалите се согласува со централниот дел од станот, каде е вградена и кујната.
Во станот има и остава, па нема потреба од полици и ормани. Во вградениот простор се наоѓа и бањата.