Кривични пријави за три лица за криучарење мигранти

Од:

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против А.Р. (51) од Студеничани, скопско, Б.Ј (27) државјанин на Труција и Х.Ј. (40) државјанин на Албанија поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“.

Пријавите се поднесени за три одвоени случаи за криумчарење мигранти што ги расчисти МВР минатата недела. Судија на претходна постапка на А.Р. и Б.Ј. им одреди притвор во траење од по осум дена, а на Х.Ј. му е одреден притвор од 30 дена.

Во првиот случај во близина на тунелите кај Демир Капија, при разминување од страна на полициски службеници забележано е возило марка „Ауди 100“ со скопски регистарски таблички кое се движело во правец Гевгелија-Скопје во кое се превезувале мигранти. Кога полицајците стасале до возилото од него се истоварале илегални мигранти кои откако ги забележале полицајците избегале. На местото на настанот е затекнат возачот на возилото А.Р. и еден од илегалните мигранти од Сирија.

Вториот случај е реализиран на граничниот премин „Богородица“ каде што за влез во Македонија се пријавило патничко возило марка „Опел Виваро“ со германска национална ознака управувано од пријавениот Б.Ј. При извршена контрола од царинскиот работник, возилото е издвоено за детален преглед при што во средниот дел на возилото, под патосот е откриен специјално направен бункаер, во кој биле сместени двајца сириски илегални мигранти со намера да бидат превезени до Германија.

Во третиот случај полициски службеници во близина на село Прдејци на автопатот Гевгелија-Скопје забележале возило „Мерцедес“ со албански национални ознаки управувано од пријавениот Х.Ј. и како во возилото влегува група илегални мигранти. Набргу возилото е сопрено и во него се откриени десет илегални мигранти од Сирија, меѓу кои и четири деца. Илегалните мигранти се префрлени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза