Нова титула за Ѓорческа во конкуренција на двојки во Прокупље

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја освои седмата титула во конкуренција на двојки во 2015 година на фјучрс турнирите. Таа попладнево со Александра Нанкароу од Австралија ја одбранија титулата освоена лани на турнирот во Прокупље.

Ѓорческа и Нанкароу во финалето ги победија Доминика Патерова и Вендола Зовинцова од Чешка со 2-0 во сетови. Двата сета Ѓорческа и Нанкароу ги добија со идентични 6:2 во гемови.

Во својата досегашна кариера Ѓорческа има 22 турнирски победи во двојки, а во Прокупље победува секоја година од 2012, а лани имаше две турнирски победи во овој град заедно со Нанкароу.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров