Капитенот на Партизан се сели во Алба

Од:

Доскорешниот капитен на кошаркарите на белградски Партизан, Драган Милосављевиќ, потпишал двегодишен договор со Алба, објави клубот од Берлин.

Милосављевиќ во Партизан пристигна во 2010 година од Раднички и со ’црно-белите’ освои четири титули и два купа во домашното првенство, како и две титули во АБА лигата.

Поголем дел од минатата сезона поради тешката повреда на коленото, одличниот бек ја пропушти, но оваа по враќањето на терените ја одигра на високо ниво со просечни по натпревар 11 поени, 3,7 скока и 1,7 асистенции.

Милосављевиќ има 26 години, висок е 198 сантиметри и се наоѓа на поширокиот список на српскиот селектор за Евробаскетот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос