ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски безобразно ја манипулира јавноста

Од:

Дамјан Манчевски и СДСМ се обидуваат безобразно да манипулираат со јавноста и ги упатуваме да престанат својата безидејност да ја покриваат со вакви неаргументирани изјави, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија наводите изнесени во изјавата на Манчевски, кој рече дека анономни здруженија повторно донираат пари за споменици без покритие, ги оценија како дрска манипулација.

„За иронијата да биде поголема, на изјавата се појавува Дамјан Мачневски, ликот кој целиот свој живот се шлепа како приврзок на Радмила Шеќеринска и човекот кој до гуша е заглавен во сомнителни и криминални тендери. Очигледно тендер- кариерата ја научи од неговите ментори Шекеринска, Заев, Шилегов и речиси целокупното раководство на СДСМ“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Впрочем, Манчевски на јавноста не и познат по ништо друго, туку по обидот да се сокрие зад фирма во Белград само за да го добие тендерот за паркинзи во Куманово, тежок милиони денари. Токму Манчевски преку сестринската фирма “Метропаркинг“ од Белград доби тендер во општината Куманово, општина во која градоначалникот е од редовите на СДСМ. Манчевски ниту еднаш не даде одговор на јавноста како го добија овој тендер, а се обиде преку фалсификати и лаги да се сокрие, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела