Коцијанчиќ за „А1он“: Хан не доаѓа во Скопје

Од:

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, нема да присуствува на лидерската средба која ќе се одржи во понеделник, а на која ќе се направат последни обиди да се постигне договор меѓу лидерите на опозицијата и на власта за решавање на политичката криза.

Од ЕУ потврдуваат дека Хан нема да посредува во разговорите во понеделик, но додаваат дека и понатаму е ставен на располагање.

– Комесарот нема да присуствува на средбата, но останува во контакт со соговорниците и ги остава каналите за комуникација отворени – изјави за „А1он“ портпаролката на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Маја Коцијанчиќ.

Како што претходно беше изјавено одлуката на Хан дали ќе дојде во Скопје во понеделник зависише од тоа колкави се шансите дека преговорите наредната недела ќе завршат со конкретен договор.

За сега позициите на двете страни остануваат непоместени со оглед на изјавата на премиерот, Никола Груевски за „Фајненшал тајм“ каде вели дека нема да се повлече од функцијата и покрај инсистирањата на опозицијата.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема недостиг на гориво за авионите, но поради високите цени се откажуваат некои рути

Џефри Сакс: Завршена е доминацијата на САД и Европа – тие сè уште не се свесни за тоа

Мерц: ЕУ мора да покаже подготвеност за проширување

Кнајсл: Дипломатијата на ЕУ не функционира затоа што дипломатите размислуваат како блогери

Вучиќ: Не можеме вечно да чекаме за членство во ЕУ

Кошта: Усвојувањето на уставните измени останува единствен начин за почнување на пристапните преговори