Порази на Ѓорческа и Јанкуловски во четвртфиналните мечеви

Од:

Македонските претставници на тениските фјучрс турнири денеска ги загубија четвртфиналните мечеви и со тоа ги завршија натпреварите во поединечна конкуренција.

Лина Ѓорческа на турнирот во Прокупље (награден фонд 10.000 долари) загуби од Милана Спремо (Србија) со 2-0 во сетови. Првиот сет противничката на Ѓорческа го доби во тај брек 7:6 (7:5 на поени), а во вториот сет беше 6:1 во гемови. Со овој пораз прекината е серијата од седум победи на Ѓорческа во поединечна конкуренција.

На фјучрсот во Благоевград (награден фонд 10.000 долари) 16-годишниот Бојан Јанкуловски загуби од третиот носител Петру-Александру Лункану од Романија со 2-0 (6:0 и 6:1 во гемови). Со пласманот во четвртфиналето Јанкуловски ќе ги освои првите два поена и ќе успее да влезе на АТП листата. Инаку, Јанкуловски на турнирот одигра вкупно шест мечеви откако успешно ги мина и квалификациите (три кола квалификации и три кола на главниот турнир).

Попладнево македонските тенисери ќе играат и два финални меча во конкуренција на двојки. Ѓорческа заедно со Александра Нанкароу (Австралија) ќе играат против Доминика Патерова и Вендула Зовинцова од Чешка, додека Томислав Јотовски на турнирот во Шабац заедно со Миљан Зекиќ (Србија) ќе играат против Французите Флоран Дип и Франсоа-Артур Вибер.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров