Ѕид од пластични кеси во Будимпешта

Од:

Пластичната шопинг кеса стана сеприсутен симбол за се она што е лошо во потрошувачката култура. Еднократен симбол, штетен по околината од неговото создавање до отстстранување.

За унгарскиот уметник, Ендре Коронцзиј, ова претставува можност да ги поврзе луѓето со природата. Инспириран со визија на пластичните кеси кои стануваат живи и дишат дел од природата, тој користи своја уметност за да го илустрира митскиот сон. Оваа уметничка инсталација крај паркот Плобутер е негово најново дело.

Користејќи повеќе од 250 пластични кеси во сина, бела и жолта боја, Коронцзиј направи „жив“ ѕид по должината на реката во Будимпешта. Инсталацијата е подигната е во мај и стоеше еден месец пред да биде отстранета.

Уметниког ја посетуваше оваа локација речиси секој ден, особено навечер, за да го фотографира ѕидот од пластичните кеси кои ја филтрираат сончевата светлина додека кесите попримаат различни форми на нежно ветре.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска