Тајландските новинари ги отфрлија обвинувањата на премиерот Прајут кој тврди дека се поткупени да го напаѓаат

Од:

Тајландската асоцијација на новинари денеска со соопштение ги отфрли како неосновани и нефер обвинувањата на шефот на привремената тајландска влада Прајут Кан-ока, кој пред два дена изјави дека новинарите во Тајланд примале поткуп од странство за да ја критикуваат неговата влада. Прајут, сега пензиониран генерал, се прогласи за преоден премиер по воениот удар од мај минатата година. Тој и неговиот кабинет, составен од армискиот персонал, меѓу првите мерки за воспоставување на ред и мир во Тајланд објави строга цензура на сите видовимедиуми во државата.

Маноп Тип-осод, кој е потпретседател на Тајванската Асоцијација на Новинарите во врска со обвинувањата на генералот Прајут изјави дека како и другите политичари и премиерот треба да биде подготвен на критика на неговите потези.

На ваквата изјава реагираше и сегашниот преоден премиер Прајут, кој рече дека смета оти секогаш добро соработувал со новинарите, кои никогаш не ги сметал за непријатели. Меѓутоа, додава тој, не може да ги прифати зачестените текстови во медиумите, според кои неговата влада малку, дури и ништо, не сторила за напредок на Тајланд.

Идната недела во Бангкок ќе се одржи трибина за состојбата во медиумите и информирањето во Тајланд. На средбата, покрај повеќе од 200 уредници на медиумите од државата, поканети се и странски новинари кои известуваат од Бангкок.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач