Грција направи се што може за да се приспособи на „чудните барања“ на кредиторите, изјави денеска министерот за финансии Јанис Варуфакис во интервју за ирска радио станица РТЕ.
– Грција е решена да остане дел од еврозоната, истакна грчкиот министер.
Варуфакис, исто така, рече дека понудата на доверителите е „јасно неисплатлива“, подвлекувајќи дека камен на сопнување во преговорите се пензиите и повисоките даноци на островите.